Во филмот, актерот ја игра улогата на кралот Луј XV. Ова е прв филм на Џони Деп по три години, во кој се раскажува приказна за една млада жена од работничка класа по име Жан Дубари, која со помош на својата интелигенција и шарм се издигнува низ општествените скалила и станува љубовница на кралот Луј XV.
Кралот, несвесен за нејзиниот статус, ја враќа својата страст за животот.
Филмот го режираше Мајвен Ле Беско, која ја играше и улогата на Жан Дубари.
Интересно, во моментот на почетокот на снимањето, Џони Деп практично не зборуваше француски.
Премиерата на филмот ќе биде на 16 мај.
Канскиот филмски фестивал годинава ќе се одржи од 16 до 23 мај.
Кариерата на Џони Деп беше ставена во мирување поради судски спор со неговата поранешна сопруга Амбер Херд. Актерката го обвини за семејно насилство, што доведе до губење на договорите со големите филмаки компании. Откако победи на суд, неговата кариера повторно тргна во нагорна линија.