Американскиот актер Џони Деп (57) го изгуби „случајот на векот“, како што го нарекува „Дејли мејл“, кој ја пренесе пресудата која беше донесена.
Имено, Џони ја тужеше својата поранешна сопруга Амбер Херд (34) и британскиот весник „Сан“ за клевета, а по 16-дневното сослушување во Високиот суд во Лондон, пресудено е дека холивудската sвезда е „насилникот во семејството“.
Амбер пред судот сведочеше дека за време на нивната бурна врска и брак ја удрил дури 14 пати.
Како резултат на пресудата, кариерата на 57-годишната ѕвезда на „Пиратите од Карибите“ е доведена во прашање, како и казната за овие кривични дела.
Деп го тужеше издавачот на таблоидот „Сан“, „Њус Гроуп Њуспејпер“ и нивниот главен уредник Дан Вутон поради статијата која е објавена во споменатиот магазин во април 2018 година во која е напишано во насловот дека Џони Деп е насилник во семејството.
Херд даде интервју во тој текст и откри дека е нападната сури 14 пати, додека Џони бил пијан и дрогиран и достави докази во вид на фотографии и видео снимка од својот лик.
Но и Џони Деп објави фотографија на која тој е на болничко возило, со видливи рани, наводно откако бил нападнат од својата поранешна сопруга.
За време на 16-дневното судењето, можеше да се види редок увид во немирниот живот на еден од најубавите холивудски парови од А листата. Деп ги негираше сите обвинувања и тврдеше дека неговата поранешна сопруга била насилна кон него.
И Деп и Херд презентираа докази за она што беше наречено „судење за клевета на векот“ и двајцата се обидоа да докажат дека другиот всушност бил насилникот во семејството.
Пресудата на Високиот суд во Лондон се смета како победа на Амбер во „првиот круг“, затоа што Деп ја тужеше и за текст што го напишала во „Вашингтон пост“ за семејно насилство, а во износ од 50 милиони долари, и тоа судење е закажано за мај 2021 година во Америка.
Херд потоа го тужеше Деп за неверојатни 100 милиони долари затоа што, како што рекла таа, Деп и неговиот тим започнале глобална кампања за оцрнување на нејзиното име.