Џони Деп и Амбер Хард сепак постигнале договор!!

Холивудската ѕвезда Џони Деп и неговата поранешна сопруга, убавата актерка Амбер Херд, конечно постигнале договор и му ставиле крај на судскиот процес околу разводот.

Имено, најследениот холивудски развод конечно заврши по долг процес пред судот во Вирџинија за тужба за клевета што ја покренаа еден против друг.

Адвокатите на славната актерска двојка успеале да постигнат договор според кој осигурителната компанија на Амбер Херд ќе му плати милион долари на Џони Деп, за да стави крај на овој случај, дознава „Дејли мејл“.

Според оваа спогодба,холивудскиот заводник ќе добие значително помалку пари за обештетување во однос на сумата што ја одреди судот, но повеќе нема да има спор со поранешната сопруга.

Инаку нивната правна битка трае веќе цели шест години. Ѕвездата на „Пиретите од Кариби“ поднесе тужба против својата сопруга поради написот што Амбер го напиша за „Вашингтон пост“ во декември 2018.

Во него таа се опиша себеси како „јавна личност која е жртва на семејно насилство“. И иако во текстот конкретно не се споменува името на Деп, тој ја тужел и барал отштета од 50 милиони долари. На што убавата актерка одговорила со противтужба, барајќи 100 милиони долари бидејќи „трпела неконтролирано физичко насилство и малтретирање“. вВо неколку наврати, и најавуваше жалби, а јавно изјави дека нема пари да му плати на поранешниот сопруг.