Џонсон ја продава куќата во Лондон

Британскиот премиер во оставка Борис Џонсон ја ставил на продажба поранешната градска куќа во Лондон за 1,6 милиони фунти, којашто пред неколку години ја купи за 1,2 милиони фунти, пишува весникот The Mirror.

Борис и Кери Џонсон ја ставија на продажба лондонската градска куќа којашто ја купија за 1,2 милиони фунти надевајќи се дека ќе заработат 400.000 фунти, се наведува во информацијата на весникот.

Според The Mirror, двојката ја купила куќата со четири спални во јули 2019 година, кога Борис Џонсон по двата градоначалнички мандата стана лидер на Конзервативната партија и ја премиерската должност ја замени Тереза Меј.

Џонсонови имале намера да ја изнајмуваат трикатната куќа за сума од „неверојатни“ 4.000 фунти месечно, но планот никогаш не се остварил. Агентите за недвижнини истакнуваат дека куќата поседува многу оригинални елементи, како ролетни, дрвени подови, радијатори од леано железо…

Куќата во Камбервел, јужен Лондон, има вкупен простор за живеење од 2.100 метри квадратни и задна градина од 100 метри. Вклучува четири двојни спални соби, оригинални карактеристични парчиња мебел, со двојна приемна соба и три бањи.