Џонсон ќе мора да бара одложување на брегзитот ако нема договор со ЕУ

Доколку не биде постигна договор со Брисел до 19-ти октомври, британскиот премиер Борис Џонсон ќе побара од Европската унија да го одложи излегувањето од членството во неа на Обединетото Кралство за подоцнежен датум, се вели во владиниот документ кој во петокот на Twitter го објави Џо Могам.

Могам ги застапуваше интересите на групата противници на ткн „тврд брегзит“, кои ткн сесионски суд во Единбург, со барање да се утврдат точно какви мерки може да бидат преземени против премиерот, доколку не го почитува неодмана донесениот закон во парламент, со кој Борис Џонсон е обврзан да бара одложување на излегувањето од ЕУ на три месеца, доколку до 19-ти октомври не биде постигнат договор со ЕУ.

Причина за обраќањето до судот беа изјавите на Џонсон, кој постојано истакнуваше дека Велика Британија „во секој случај“ ќе ја напушти ЕУ на 31-ви октомври, односно и доколку не биде постигнат договор со Брисел околу условите за раздружувањето.

Во документот, прочитан во текот на заседанието на судот во петокот и објавен од Могам, се вели дека судот добил уверување од британската влада и нејзиниот шеф Борис Џонсон, дека доколку не се исполнат условите, премиерот ќе испрати писмо до ЕУ со барање за одложување на датумот за брегзитот.

Кабинетот на британскиот премиер не ја коментира ситуацијата со пресудата од судот во Единбург, појаснувајќи дека процесто сѐ уште не е завршен.

Сесионскиот суд на Шкотска го разгледуваше барањето поднесено во името на претприемачот Дејл Винс и пратеничката од Шкотската национална партија (SNP), Џоана Чери, кои бараат од судот да ја исклучи можноста од брегзит без договор. Меѓу другите, судиите одлучуваа и дали премиерот ќе е соочи со затворска казна доколку го игнорира ткн Закон на Бен, кој минатиот месец го донесе британскиот парламент и со него се обврзува владата да побара од ЕУ да го одложи брегзитот до 31-ви јануари 2020 година, доколку не може да се склучи договор.