Џонсон ќе ѝ порача на ЕУ дека Лондон е подготвен за сценариото „без договор“

Британскиот премиер Борис Џонсон во понеделникот ќе ги предупреди функционерите на Европската унија дека Велика Британија е подготвена да го дозаврши предониот период без договор, доколку преговорите за идните односи меѓу Лондон и Брисел влезат во ќорсокак, пишува весникот The Sunday Telegraph.

Во текот на видеоконференцијата премиерот Борис Џонсон ќе порача дека британската страна преговорите за идните трговски односи по преодниот рок ќе ги заврши на 31-ви декември, како што е планирано, без да бара продолжување на овој период на што повикуваат повеќе страни, пишува весникот.

На претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, како и на другите европски челници, Џонсон ќе им каже дека Обединетото Кралство е подготвено да стане независна трговска нација во јануари „што и да се случи“ во преговорите со Брисел. Притоа ќе ги повика европските функционери да договорат трговска спогодба до крајот на летото, пишува весникот кој е близок на конзервативците на Џонсон.

Меѓутоа, британскиот премиер ќе предупреди дека неговата земја има волја и е во можност да излезе од преодниот период и без договор за стопанските и економските односи со ЕУ, доколку тоа биде неопходно.

Лондон минатата седмица објави дека двете страни договориле „интензивен распоред“ за своите преговори во јули. Пет седмици по ред ќе се сретниваат секоја седмица, а ќе се одржуваат официјални кругови од преговорите и помали состаноци во Лондон и во Брисел.

Британскиот министер за брегзи, Мајкл Гоув, во петокот и официјално ги извести функционерите на ЕУ дека британската страна нема да бада продолжување на преодниот период. „на 1-ви јануари 2021 година ќе ја преземеме контролата и ќе ја вратиме нашата политичка е економска независнсот“, истакна Гоув.

Главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние, пак, напиша дека Брисел „секогаш бил отворен за продолжување на преодниот период“. „За да им пружиме секаква шанса на преговорите, договориме да ги интензивираме разговорите во следните седмици и месеци“, додаде Французинот.

Многу претставници на деловниот свет и на британската опозиција го повикаа Гоув да бара продолжување.

„Последната работа којашто ѝ е потребна на нашата држава додека се обидуваме да ја победиме оваа пандемија на коронавирусот се дополнителниот хаос и несигирност“, изјави минатата седмица Садик Кан, лабуристичкиот градноачалник на Лондон.

Обединетото Кралство, по три одложувањат на датумот, официјално го напушти ЕУ на 31-ви јануари, откако на референтумот во јуни 2016 година со тесно мнозинство Британците се одлучија за истапување од Унијата.

Засега малку е постигнато во преговорите за идните односи коишто според планот треба да траат до крајот на годинава. Овој период може да биде продолжен само на барање на Лондон, но британскиот премиер Борис Џонсон повторува дека тоа нема да го стори, а неуспехот на преговорите падна во втор план поради пандемијата на коронавирусот.

Последниот круг од преговорите се одржа минатата седмица, но без напредок. Главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние, рече тогаш дека најголеми спротиставувања на ставовите има по прашањето на риболовот, опсегот во кој Британија ќе делува според европските правика, како и правосудната и полициската соработка.