Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ги повика пратениците да го поддржат неговиот нов систем на регионални рестриктивни мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот.
За над 40 проценти од луѓето што живеат во Англија, ограничувања ќе бидат воведени во нивниот секојдневен живот, откако владата утре ќе премине на регионален пристап утре, по еден месец национално „затворање“.
Џонсон истакна дека системот е потребен за да се држи вирусот под контрола.
Мерките се очекува да бидат усвоени во парламентот подоцна денеска, и покрај фактот дека голем број конзервативци ќе гласаат против, бидејќи главната опозициска Лабуристичка партија одлучи да гласа воздржано, наместо да гласа против владат