Џонсон: Голема е веројатноста да нема договор за Брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека преговорите за постигнување трговски договор со Европската унија може да пропаднат.

Обраќајќи се на телевизијата Скај Њуз, тој ги предупреди своите сонародници да се подготват за Брегзит без договор.

Како што пренесуваат странските агенции, предложениот договор не е од корист за Велика Британија.

„Веќе постои голема веројатност … за постигнување решение што многу повеќе личи на односите на Австралија со ЕУ отколку на Канада“, рече тој, осврнувајќи се на идните трговски односи меѓу Велика Британија и ЕУ според правилата на Светската трговска организација.