Британскиот премиер Борис Џонсон поднесе оставка на местото претседател на владејачката Конзервативна партија, но најави дека ќе продолжи да работи како претседател на владата додека партиите не избере наследник.
„Сега е јасно дека Конзервативната партија сака нов челник. Процесот на неговиот избор треба да започне веднаш. Денеска именував нова влада којашто ќе продолжи да работи, како и јас до изборот на новиот лидер“, изјави Џонсон пред Даунитнг стрит број 10.
„Сакам да им кажам на милионите луѓе коишто гласаа за нас во 2019 година, многумина по првпат: Ви благодарам за овој неверојатен мандат, за најголемото конзервативното мнозинство од 1987 година“, рече Џонсон.
„Причина поради којашто толку жестоко се борев последните дена беше желбата лично да го извршам овој мандат, бидејќи чувствував дека тоа е мојата должност и мојата обврска“, појасни Џонсон.
„Секако, силно сум горд на остварување на својата влада: од извршувањето на брегзитот до решавањето на нашите односи со Европа. Ѝ ја вративме на оваа сила моќта самата да носи свои закони, минавме низ пандемијата, извршивме најбрзо вакцинирање на континентот, набрзо излегување од локдаунот и последните месеци го водевме Западот во спротиставувањето на агресијата на Путин врз Украина“, рече уште британскиот премиер.
Дека судбината на Џонсон е запечатена се покажа кога оставка поднесе и Надим Захави, конзервативна ѕвезда во подем кој на местото министер за финансии го именуваше во вторникот вечерта. Захави и другите министрите ноќта дојдоа во Даунинг стрит да му порачаат на премиерот дека мора да си замине.
Џонсон прво тоа го одби и го отпушти Мајкл Гоув, министерот кој прв го повика на оставка. Но во четвртокот утрото, кога владата решија да ја напуштат уште неколку министри, стана јасно дека Џонсон не може да опстане на должноста.
Ториевците ќе мора да изберат нов челник, а тој процес би можело да трае неколку месеци. Сѐ уште не е јасно дали Џонсон може во тој период да остане на премиерската позиција додека се бира неговиот наследните на чело на Конзервативната партија.