Џонсон: Путин нема да употреби нуклеарно оружје

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон во интевјуто за „Скај њуз“ изјави дека не мисли оти рускиот претседател Владимир Путин ќе нареди употреба на тактичко нуклеарно оружје во Украина.

Имено, се појавија сугестии дека Путин би можел да нареди таков напад доколку неговите сили во Украина продолжат да се повлекуваат пред украинската контраофанзива и ја загубат претходно освоената територија.

„Мислам дека нема да го направи тоа. Би бил луд да го направи тоа“, изјави Џонсон.

„Таков чин би значел дека Русија во истата секунда се повлекува од клубот цивилизирани земји. Тоа би била целосна катастрофа за Русија, чија економија веднаш потоа би била замрзната“, рече Џонсон за „Скај њуз“.