Џонсон сака Британија повторно да се „ангажира“ во Европа

Frankreichs Präsident Emmanuel Macron und der britische Premier Boris Johnson auf dem G7-Gipfel 2022 in Elmau. © Benoit Tessier/AFP

Британскиот премиер Борис Џонсон е заинтересиран за францускиот проект на Европската политичка заедница, кој би овозможил Велика Британија по излегувањето од Европската унија „повторно да се ангажира“ во Европа, објави во неделата кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон по средбата на двајцата челници на самитот на Г7 во Германија.

Со соопштението на Елисејскиот дворец, се наведува дека Макрон „забележал голем ентузијазам“ кај британскиот премиер, кога зборувал за Европската политичка заедница, којашто на Обединетото Кралство би му „овозможило повторно да се ангажира“ во Еропа.

 

Портпаролот на Даунинг стрит, пак, истакна дека двајцата челници на состанокот на самитот на Г7 во Германија, „се согласија дека ова е критичен момент за текот на конфликтот и има можност да се направи пресврт на текот на војната“. Џонсон, исто така, го предупредил Макрон дека „секој обид да се реши конфликтот сега само ќе предизвика трајна нестабилност“.

Исто така, Џонсон предупредил дека се ризикува да му се даде на рускиот претседател Владимир Путин „дозвола да манипулира со суверените земји и меѓународните пазари засекогаш“.