Џонсон во Бакингамската палата бара мандат од кралицата Елизабета

Британскиот премиер Борис Џонсон пристигна денеска во Бакингамската палата, кај кралицата Елизабета Втора, со цел формално да побара дозвола за формирање влада по победата на вчерашните предвремени парламентарни избори.

Кралицата ќе побара од него да формира влада, откако Конзервативната партија освои 364 мандати од вкупно 650 пратенички места.