Британскиот премиер Борис Џонсон му испратил писмо на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во кој ја повторува својата желба да биде постигнат договор за напуштањето на Обединетото Кралство на Европската унија, но и повик од постојниот договор да се исфрли ткн „бекстоп“, објави во понеделникот вечерта неговата служба за односи со јавноста.
Во споменатиот допис, Џонсон на Туск му истакнува дека „бекстопот“, односно заштитниот механизам со кој се избегува враќањето на ткн тврда градница на Ирскиот остров, би требало да се исфрли од договорот кој Брисел го постигна со неговата претходничка Тереза Меј и да се замени со двострано обврзување на алтернативно решение.
„Бекстопот“ предвидува во случај да не биде договороно поповолно решение по транзицискиот период од две години, за да се избегне тврдата граница меѓи Република Ирска како членка на ЕУ и британската покраина Северна Ирска, Обединетото Кралство да остане во царинската унија.
Џонсон кој повеќепати повторни дека е подготвен за напуштње на ЕУ на 31-ви октомври без договор, во своето писмо вели дека неговата влада „енергично и решително“ ќе работи на изнаоѓање договор, како и дека „тоа е нашиот највисок приоритет“.
Но Џонсон, исто така, го одбива „бекстопот“, тврдејќи дека е „антидемократски и го нарушува суверенитетот на британската држава“. Покрај тоа, останувањето во царинската унија би го спречило водењето независна трговска политика, смета британскиот премиер.
Од ЕУ повеќепати повторија дека повеќе нема да преговараат за договорот постигнат со Тереза Меј, а кој британскиот парламент трипати го одби предизвикувајќи го нејзиното заминување од премиерската должност. Но британските пратеници, исто така, го одбија и излегувањето од Унијата без договор.
Меѓутоа, како што оценува агенцијата France presse, часовникот отчукува а британскиот премиер Борис Џонсон во среда заминува за Берлин а потоа во четврток за Париз за да се сретне со германската канцеларка Ангеле Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, при што ќе се обиде да ги убеди во својата визија за брегзитот.