Опаѓа довербата во Путин

Податоците од првото истражување во 2019 година на јавното мислење во Русија покажуваат пад во популарноста на претседателот Владимир Путин, објави „Ведомости”.

Рејтингот на рускиот претседател продолжува да паѓа. Тој сега има доверба од 33,4% од Русите, додека за декември 2018 овој индикатор изнесувал 36,5%. Ова е најниско ниво на доверба откако рускиот институт за истражувања ВЦИОМ ги спроведува анкетите, започнувајќи од јануари 2006 година. Минималниот праг беше 37,4%, регистриран за време на масовните протести во декември 2011 година.

Активностите на претседателот се одобрени од голем број Руси, но овој индикатор исто така е намален – сега тие се 62,1% наспроти 64,6% на 29 декември 2018 година. Путин за својата политика најмала подршка имал во август 2013 година – 59 отсто.