Популарноста на Турција во Блискиот Исток е многу намалена во последните две години, покажува анкетата, отсликувајќи ја понекогаш спорната надворешна политика на Анкара, пренесе „АФП“.
Најсериозен пад е забележан во Египет и Сирија, каде Турција е жесток противник на властите. Истражувањето е спроведено од Фондација за економски и социјални истражувања на Турција.
Како целина, бројот на лицата што учествувале во анкетата во 16 држави, кои имаат позитивно мислење за Турција, е намален на 59 отсто, наспроти 78 отсто во 2011 година.