
Од тетовската полиција информираат дека во подрачјето на Гостивар минататa година се регистрирани 400 лица кои возеле без дозвола.
Портпаролот на тетовскта полиција, Марјан Јосифоски потенцира дека на поширокото гостиварско подрачје и натаму голем е бројот на оние лица кои седнуваат зад волан без положен возачки испит, односно без соодветна дозвола.
„Лани, регистрирани се 400 поединци кои управувале без дозвола, а 28 биле возачи-почетници кои, спротивно на законските прописи, ги управувале возилата без придружник“, вели портпаролот Јосифоски.
По направените анализи во Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, констатирано е дека сообраќајната недисциплина и лани била на релативно високо ниво и покрај многубројните превентивно-контролни активности.
Од СВР Тетово најавуваат дека и годинава со несмалено темпо ќе продолжат со нив за да се постигне поголема безбедност на патиштата и улиците во Гостивар и Гостиварско. Лани, од околу три илјади подесоци, наместо да платат за сторени прекршоци, над 700 лица се одлучиле за впишување негативни бодови во нивните возачки книшки.