Вулканот Бардарбунга на Исланд и се заканува на Европа. Метеоролошката служба на земјата го зголемила нивото на ризик од ерупција на вулканот на четврти „портокалов“ степен на скалата од пет степени.
Во регионот на вуланот Бардарбунга има интезивна сеизмолошка активност од 16 – ти август.
Ерупцијата на вулканот Ејафјалајокул во 2010 година затвори поголем дел од европскиот воздушен простор на шест дена, при што погоди над десет милиони лица, а штетата беше проценета на 1,7 милијарди долари.