Опасноста од тероризам во ЕУ и натаму е голема и покрај помалиот број напади

Опасноста од тероризмот во Европската унија и натаму е голема, и покрај намалениот број напади со таква заднина, се наведува во извештајот на европската полициска организација Европол објавен во средата.

Во извештајот на ЕУ за состојбата и трендовите на тероризмот TE-SAT 2022), кој Европол го претстави во Хаг, се наведува дека опасноста, во прв ред, доаѓа од поединечни сторители со џихадистичка заднина и од крајно десничарски екстремисти.

Европа, сметаат безбедносните стручњаци, исто така е загрозена од последиците од војната во Украина и противниците на мерките за сузбивање на пандемијата на коронавирусот.

„Наодите на TE-SAT 2022 потврдуваат дека тероризмот и натаму претставува стварна и актуелна опасноста за ЕУ. Во времето на геополитичките промени, ЕУ мора повеќе од кога и да е да продолжи со своите антитерористички мерки. Европол ќе продолжи тесно да соработува со своите партнери за да се соочи со предизвиците кои надоаѓаат“, изјави извршната директорка на Европол, Катерин Де Боле.

Минатата 2021 година истражителите во државите на ЕУ регистрирале 15 терористички напади, вклучително и неуспешни и спечени обиди. Според извештајот, тоа е значително помалку од 57-те напади една година претходно.

Четири успешни терористички напади имале три џихадистичка и а еден радикално левичарска заднина, се наведува во извештајот.

Во 2021 година биле уапсени 388 осомничени, две третина за кривични дела за џихадитички тероризам во Австрија, Франција и Шпанија. Претходната 2020-та имало 449 такви апсења, а во 2019 година дури 723 апсења.

Според извештајот, терористичката пропаганда којашто се ширела на интернет во 2021 година продолжила да се одразува на темите поврзани со Covid-19.

„Зголеменото количество време минато на интернет поради ограничувањата поврзани со Covid-19, меѓу другите причини, претставува фактор на потенцијалниот пат на ранливите поединци до екстремизмот“, се наведува уште во извештајот на Европол.