Операторот на исчезнатиот батискаф го прогласи мртов екипажот на „Titan“

Операторот на исчезнатата во Атлантскиот Океан истражувачка мини-подморница објави во четвртокот вечерта дека петчлениот екипаж на батискафот „Titan“ е мртов.

„Веруваме дека нашиот извршен директор Стоктон Рап, Шахазада Давуд, неговиот син Сулејман Давуд, Хамиш Хардинг и Пол-Анри Наржеоле трагични ги загубија животите“, објави компанијата сопственик на подморницата „OceanGate Expedition“.

Американската крајбрежна стража, исто така, соопшти дека исчезната подморница се распаднала во близина на остатоците од „Титаник“, при што загинале сите пет лица во него.

Официјални лица на американската крајбрежна стража изјавија за време на прес-конференцијата во четвртокот дека ги известиле семејствата на екипажот на „Titan“, кој се води како исчезнат неколку дена. Остатоците пронајдени за време на потрагата по пловилото „се во согласност со катастрофалната експлозија“, рече администраторот Џон Маугер од округот на Првата крајбрежна стража.

Претходно беше потврдено дека патници во исчезнатата подморница се британскиот претприемач и милијардер Хамиш Хардинг, чијашто воздухопловна компанија на социјалните мрежи објави информација за неговата експедиција. Хардинг, 58-годишен авијатичар и вселенски турист, е шеф на „Action Aviation“, во неделата на својот профил на Instagram објави дека со гордост се приклучува на експедицијата на „OceanGate Expedition“. Меѓу патниците се и пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот син Сулејман. Давуд е потпретседател на пакинстанскиот конгломерат „Engro“, компанија со седиште во Карачи со порфетили во енергетиската, земјоделството, петрохемијата и телекомуниакциите. Францускиот океанограф и ветеран во подводните истражувања на големи длабочини Пол-Анри Наржеоле е стручњак за „Титаник“, за кој се претпоставува дека пилотирал со подморница.

„Овие луѓе беа вистински истражувачи кои споделуваа страст за авантура, желба за истражување и заштита на светските океани“, додаваат од компанијата.

Компанијата „OceanGate Expedition“ со „Titan“ нуди посета до останките на потонатиот легендарен брод за 250.000 долари по место, според официјалните мрежни страници.

Претходно беше објавено, но досега не е официјално потврдено, дека во Атлантикот можеби се пронакдени остатоци од исчезнатиот батискаф. Но дури и да беше пронајдена подморницата, резервите кислород во неа биле завршени пред повеќе часови, бидејќи нивниот капацитет бил само за четири дена, а според компанијата тој рок изминуваше околу 14 часот по средноевропско време во четвртокот.

Во понеделникот „OceanGate Expeditions“ го потврди исчезнувањето на своето подводно пловило со екипаж „Titan“, дизајнирано да доставува туристи до местото на потонувањето на легендарниот англиски паропрод „Титаник“ пред . Во батискафот има пет луѓе, комуникацијата со нив исчезна приближно 1 час и 45 минути по нурнувањето во неделата.