Операторот на гасоводот Северен тек 2 кој природниот гас по дното на Балтичкото Море ќе го транспортира од наоѓалиштата во Русија директно до Германија, конзорциумот „ Nord Stream 2 AG“ продолжува со работите за што е можно поскоро ставање во функција на гасоводот, одговарајќи на санкциите на САД против овој енергетски проект.
Како што истакна во понеделникот официјалниот претсавник на проектната компанија, Јенс Милер, до денеска од околу 2.460 километри од гасоводот се поставени цевки во должина од 2.300 километри.
„Во интерес на енергетската безбедност, прифатливоста на цените на гасот за европските потрошуваќи и конкурентноата на економијата на Европската унија, како и заложбите за справување со климатските промени, ‘Nord Stream 2’ и компаниите кои го поддржуваат проектот, работата на пуштањето на гасоводот што е можно поскоро“, додал Милер.
Американскиот претседател Доналд Трамп на 20-ти декември го потпиша буџетот за одбраната на САД за следната фискална години, со кој се предвидуваат санкции за компаниите кои работат на положувањето на цевките за гасоводите Северен тек 2 и Турски тек. Швајцарско-холандска компанија „Allseas“, која ги поставуваше цевките веќе ја прекина работата и ги повлече специјалните пловила.
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, ги коментираше во понеделникот постапките на САД и порача дека Москва ги смета санкциите за неприфатливи. Според него, Русија ќе го даде соодветниот одговор, кога ќе ги исполни своите национални интереси.
Од своја страна, пак, рускиот премиер Дмитриј Медведев им наложи на министрите во неговата влада да разработата мерки со кои ќе се одговори на санкциите.
Ситуацијата ја коментираше и официјален Берлин. Германската влада ги осуди санкциите на САД против Северен тек 2, изјави заменикот портпарол на владата Улрик Демер.
„Сојузната влада со жалење констатира дека ден3шното потпишување на американскиот претседател Доналд Трамп на санкциите иницирани од Конгресоат против Северен тек 2 и Турскиот тек стапуваат на сила“, изјави Демер.
Во нејзината изјава се вели дека германската влада го “отфрла вкавите екстериторијални санкции“, и оти тие се „насочени против германските и европските компании, и претставуваат мешање во нашите внатрешни работи“.
Демер повтори дека „ваквите мерки на САД, кои во прв ред беа преземени за заштита на Украина се уште повеќе нерзбирливи“, бидејќи не ги замаат предвид „разговорите од четвртокот за транзитот на гасот низ Украина“, кој во Берлин го потпишаа Москва и Киев.