Опожарен „мерцедесот“ на Штерјо Наков

Автомобилот „мерцедес“ на бизнисменот и сопственик на „Фершпед“, Штерјо Наков бил опожарен вчера утрото во скопската населба Центар, неколку месеци откако изгоре и автомобилот на неговиот син.

Според МВР, на 03.08.2018 година во 3.40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата Ѓуро Ѓаковиќ имало опожарено патничко моторно возило „Мерцедес Ц 220“ сопственост на Ш.Н.(70) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На крајот на март, пак, беше опожарено возилото на неговиот син Сашо Наков. Кога избил пожарот возилото марка „БМВ“ било паркирано на истата улица во Дебар Маало. Штерјо Наков тогаш негираше дека пожарот бил подметнат и дека истиот настанал поради изгорената инсталација.