Илјадници хрватски граѓани деновиве контактирале со вработените во Руската амбасада во Загреб во потрага по руска вакцина за коронавирус.
Сепак, хрватските власти сè уште не испратиле официјално барање за набавка на „Спутник V“, пишуваат медиумите од регинот.
Порталите пренесуваат дека дипломатското претставништво одговара на десетици и десетици прашања од хрватски граѓани испратени по телефон или електронска пошта секој ден за тоа како да се добие руската вакцина.