Поради масовна тепачка која ја предизвикале насилници на повик од незадоволен пациент, скопската болница „Св. Наум Охридски“ била затворена до раните утрински часови.
Околу 02:00 часот по полноќ , група на пијани пациенти ги нападнале болничките служби и полицијата, која била повикани на помош, во поранешна „Градска“ болница. Инцидентот се случил непосредно откако пациентот пристигнал во болницата со расекотина на раката, а потоа групата насилници започнала физичка пресметка со персоналот во болницата, докторката во паника избегала додека медицинската сестра и портирот биле претепани. По интервенцијата на полициската единица „Алфи“ алхохолизираните напаѓачи нападнале и еден полициски служвеник дознава Нетпрес од свој извори.
„Имаше голем судир, нападнат е персоналот, обезбедувањето, а потоа беше нападната и полицијата која беше повикана на помош. Тоа беше голема група напаѓачи, немаме точна бројка, пациентот кој ги повика имаше повреда на раката. Настанот се случи околу 2-3 часот. Болницата е затворена за пациенти, за да се избегнат понатамошни инциденти. Кога пристигнав на работа утрово, побарав да се отвори за пациентите да бидат примени во болницата “, рече Иво Спировски, директор на Универзитетската клиника.