„Задоволството е големо бидејќи измината година општина Гевгелија и институциите во нејзина надлежност беа 100 % успешни и сите проекти со кои се аплицираше до меѓународни фондови,министетства и агенции се одобрени и во 2023 година ќе се реализираат на територијата на нашата општина.
Честитки за директорката Марија Танева и благодарност до координаторите на проектот Снежана Сарамандова, Александар Делиџаков, професорите од трите струки,Флорит Гевгелија и сите останати кои беа вклучени во осмислување и изготвување на проектната апликација.
Станува збор за 🏢модерен, ♻️еколошки, 🔌енергетско оддржлив тренинг центар- HUB‼🏗 доградба и адаптација на пристапна и соодветно опремена работилница за пракса на 👨🏭🚘👩🔧автомеханичар и машински техничар за моторни возила и опремени канцеларии 💻🖨за пракса на ученици👨💻👩💻 од економската струка;
‼инсталација на фотоволтаични панели за потребите на тренинг центарот;
‼автомобилска тренинг опрема за практична настава, 🚗електричен/LPG хибрид ¾ едукативно тренинг возило, алати, дигалка за возила, балансери, авто тренинг табли, компјутерски контролен систем за електрично возило, тренинг опрема за хибридни батерии, дијагностика, осцилоскопи, анализа на издувни гасови, компјутери, принтери, мебел, тренинг софтери и инсталација на HASSP систем и опрема за пракса во кујна и ресторан за ученици од угостителско-туристичката струка. ‼обуки за наставници, ученици и ментори од партнер компаниите.
Со овој проект ќе се овозможи значително подобрување на реализација на наставните програми во стручното образование на СОУ Јосиф Јосифовски, квалитетот на наставата, стекнување на специфични вештини кои учениците би ги добиле благодарение на тренинг центарот, современата опрема и програма, а со тоа и подготвување на квалитетен кадар според потребите на нашите компании“, објави Сарамандов.