4.8 C
Skopje
сабота, ноември 16, 2024

Општина Илинден: Заеднички го креираме буџетот за 2023, работиме во служба на граѓаните

Процесот на изработка на буџетот за 2023 година е во тек, Општина Илинден согласно финансиските можности, издржливоста и остварливоста на проектите ќе ги интегрира сите предлози на граѓаните во програмата за работа.

Градоначалникот Александар Георгиевски, е во интензивна комуникација со ѓраѓаните во населените места во Општината, во секој дом, лично доставува анкетен прашалник преку кој граѓаните активно можат да учествуваат во креирањето на Буџетот. Општина Илинден посветено работи на решавање на проблемите на граѓаните, ваквата инклузивна можност за активно учество во креирањето на буџетот е дел од транспарентното работење локалната власт. Сите предлози ќе бидат темелно анализирани, Општина Илинден според своите финансиските можности, остварливоста и издржливоста на проектите ќе ги инкорпорира во планот за работа според нашите буџетски програми, информираат од општина Илинден.

Општина Илинден отворена за предлози и идеи, граѓаните имат можност сите свои потреби да ги достават и преку електронски пат ([email protected]) со пополнување на анкетен лист/прашалник на нашиот сајт www.ilinden.gov.mk, или да ги достават во архивата на Општината секој работен ден до 30.11.2022 година.