Општина Карпош во период од една година потрошила три милиони денари за „закуп на простор во весник на македонски јазик за објавување на огласи, соопштенија и други инфромации од јавен карактер за потребите на Општината“.
Оваа иформација е објавена на системот за Јавни набавки.
Општина Карпош првиот договор со Друштвото за издавање и маркетинг „Слободен печат“ ДОО Скопје го склучила на 12 декември 2019 година во вредност од 1.000.000 денари, а датумот на објавата е 20 јанаури 2020 година.
Вториот договор, со ист опис, се склучен на 12 ноември 2020 година и е во износ од 2.000.000 денари, а објавата е на 4 декември 2020-та.
Ако се има предвид заложбата на сегшната власт, а со тоа и на градоначалникот на Општина Карпош, да не се трошта државни и општински пари за рекламирање, наведените суми по малку се чудни. Општината може да издвојува средства за огласи и конкурси, а не да ги рекламира и своите активности. Тогаш, прашање е како е направена јавната набавка?
Член 25 од Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од 2018 година предвидува забрана за рекламирање со која единиците на локалната самоуправа не смеат да предвидуваат средства за информирање и запознавање на јавноста со свои услуги или активности преку приватни радиодифузери. Меѓутоа, оваа година постоечкиот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, се дополни со нов член кој предвидува дека договорите кои општините ги склучиле врз основа на член 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, остануваат во сила се до истекот на нивната важност, до крајот на 2019 година.
Од друга страна, Општините имат пронајдено дупка во законот и наместо кај радиодифузерите објавуваат на нивните протали.