![opstina negotino](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/opstina-negotino.jpg?resize=696%2C440&ssl=1)
Советот на општина Неготино денеска одржа седница на која беше донесена одлука за доделување 250.000 денари од буџетот на општина Неготино за настраданите граѓани во земјотресот во Турција и Сирија.
„Како градоначалник на општината Неготино, заедно со советниците, изразуваме длабоко жалење и сочувство до семејствата на загинатите граѓани, а на повредените им посакуваме побрзо заздравување. Се надеваме дека обезбедените средства од општина Неготино ќе дадат придонес во санирањето на погодените подрачја од земјотресот, рече градоначалникот на Неготино“, Горан Стојанов.