По завршувањето на јавниот повик и спроведување на административните процедури, јавното извлекување и теренска контрола од страна на комисијата, градоначалникот Марко Колев денеска го потпиша решението за одобрување на барањата за субвенции на физички лица за купен сончев термален колектор.
Појасни дека во текот на оваа недела граѓаните ќе ги имаат средствата на своите сметки. За овој повик беа пристигнати 55 уредни барања, од кои 45 се одобрени во рамките на предвидениот буџет.
Секој од пријавените ќе добие 50 проценти од вредноста на купениот сончев термален колектор, но не повеќе од 20 илјади денари.
Списокот со добитници е објавен на веб страната на Општина Велес.