Од именувањето на министерот за здравство Никола Тодоров, па до ден денес во ЈЗУ Општа Болница Велес има значајни промени генерелно во функционирањето и работењето на болницата а се со цел укажување на квалитетна и навремена зравствена заштита на пациентите и подобрување на условите за работа на вработените, посочуваат од ЈЗУ Општа болница Велес.
Отааму додават дека е набавена нова медицинска опрема, подобрени се здравствените услуги за пациентите, упатени се доктори на специјализација во странство, воведување на нови методи, овозможено е упатување на доктори и останат медицински персонал на едукација во странство и едукација во терциерни установи во државата, решавање на статусот на волонтери и лица ангажирани под договор (согласно Законот за трансформација во редовен работен однос) кој долг временски период се ангажирани во институцијата.
Во овој период извршена е целосна реконструкција на Одделението за физикална медицина и рехабилитација и за истото е набавена нова опрема, набавка на компјутерски томограф на Одделението за радиодијагностика, набавка на Дигитален мамограф од страна на Министерството за здравство и истиот е во фаза на монтирање, реконструирани во целост на следните одделенија : Одделение за хируршки болести, Одделение за детски болести, Одделение за акушерство и Одделение за интерни болести.
Со воведувањето на националниот систем за електронско закажување на прегледи и интервенции “Мој термин” се постигна -намалување на метежот и редиците на чекање во амбулантите во болницата, унифицирани и веродостојни бази на податоци, брзо и едноставно евидентирање и запишување на податоци за пациентите, градење на електронски здравствен картон (досие), квалитетна здравствена услуга за сметка на намалена административна работата, формирање на детален распоред за прием на пациенти кај сите доктори и тн.
За подобрување на здравствените услуги и нивото на здравствена заштита обезбеден е и нов кадар, односно вработени се: 16 доктори кои се упатени на специјалзиација , доктори – специјалисти 2 , здравствени работници 12 (медицински сестри, акушерки, физиотерапевти, радиолошки технолози и тн.), здравствени соработници и помошно-технички персонал.
Со заштедата од централизираната набавката на 353 лекови која изнесува 250 милиони денари, а која ја спроведуваше Министерството за здравство, Министерот одлучи дел од заштедата да се вложи во инвестирање во комплетна реконструкција на Инфективното одделение при ЈЗУ Општа Болница Велес, зграда која е стара повеќе од 30 години. Предвидено е исто така и реконструкција на главната зграда на болницата на која ќе се постави термоизолациона фасада и нови термоизолациони прозорци и врати како и поставување на систем за централен довод на гасови, набавка на нов апарат за анестезија, ендоскопски столб за урологија и нов интервентен гастроскоп.
Кога ќе се сумира претходно наведеното може да се констатира дека за краток период се направени промени од круциално значење со кои во целост е подобрено функционирањето и работата на ЈЗУ Општа болница Велес, со што според податоците на Министерство за здравство добиени врз основа на избалансиран приказ на постигнувањата (Balanced Score Card) ЈЗУ Општа болница Велес се наоѓа помеѓу петте најуспешни болници за 2013 година. Резултатот е очигледен од реформите во здравството кои ги воведе Министерството за здравство предводено од министерот Никола Тодоров и неопходно e да продолжат истите според динамиката и темпото кои несомнено го подигнаа нивото на квалитетот на здравствена заштита во Република Македонија.