Оптимистичките прогнози за побарувачката ги кренаа цените на нафтата над 83 долари

Цените на нафтата се искачија над нивот од 83 долари на меѓународните пазари во средата, бидејќи трговците беа охрабрени од прогнозите за закрепнување на побарувачката и попушањето на инфлацијата во САД, поттикнувајќи ги шпекулациите дека тамошната централна банка сепак може да ги намали трошоците за задолжување на почетокот на есента.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше повисока за 1,33 долари од вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 83,25 долари. За исто толку поскапе и цената на барелот на американскиот пазар каде се тргуваше по 79,23 долари.

Одделно, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека барелoот од референтната нафтена кошница на нејзините членки во вторникот поскапел за 1,43 долари на 82,36 долари. –

На почетокот од седмицата трговците беа охрабрени од прогнозата на инвестициската банка „Goldman Sachs“ дека летната побарувачка на горива во САД треба да биде силна, па пазарот да би требало да биде во минус за 1,3 милиони барели дневно во третиот квартал.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и нејзините сојузници големи независни извозници предводени од Русија познати како групата OPEC+ пред две седмици истакнаа дека очекуваат закрепнување на побарувачката, објаснувајќи ја одлуката за постепено зголемување на понудата кон крајот на годината. Во вторникот OPEC потврди дека очекува побарувачката да расте за 2,25 милиони дневно оваа година.

Меѓународната агенција за енергија (IEA), советодавна агенција за водечки потрошувачи собрани во Организацијата за економска соработка и развој (OECD), проценува дека растот ќе биде многу послаб и ќе изнесува само 1,1 милион барели дневно, но проценката сè уште е повисока од претходната.

Овој тренд го најавуваат податоците на Здружението на американски производители на API, кои покажаа поголем пад од очекуваниот на залихите во САД минатата седмица.

Оптимизмот на пазарите беше засилен и со податоците на американското Министерство за труд, кои покажаа дека потрошувачките цени се задржаа на априлското ниво во мај, што повторно ги поттикна шпекулациите дека централната банка може да ги намали трошоците за задолжување во септември. Пониските трошоци за задолжување би ја стимулирале економската активност и побарувачката за енергенси.