Ѓорѓиев: Зошто го бираа тој тајминг да отстапат од црвените линии зацртани во резолуцијата во парламентот

Не знам на што темелат дека престанокот со работа во комисијата е политички мотивирано, јас ги прашувам зошто тие тој тајминг го бираа за да отстапат од црвените линии зацртани во резолуцијата усвоена во македонскиот Парламент, вели историчарот проф. Ванчо Ѓорѓиев кој беше де од историската комисија со Бугарија за „Тема на денот“ во Дневникот на Сител Телевизија.

Тој вели дека неговото заминување од Комисијата предизвика различни реакции, но тој останал доследен дека заради чувствителноста на моментот нема да излегува со изјави.

– Изборите поминаа, и со оглед на вчерашната изјава на Османи ред е да го кажам своето. Јас не оперирам со терминот оставка, ако следевте, го искористив терминот „престанувам со работа“ во комисијата. Оставка може да поднесе избран или именуван функционер, кој застапува управен орган и институција, јас бев само член на експертска комисија и затоа не го користам терминот оставка, туку престанок кој е валиден од 22 октомври, рече тој.

Тој за изјавата на Османи дека не поднел оставка туку е разрешен вели дека е триумфалиситичка, но, вистината е дека Османи ја манипулира јавноста.

– На 28.10 имам заверен документ во МНР, изјава со која ги информирам дека престанувам официјално со моето учество во комисијата, потенцираше Ѓорѓиев.