
Денеска заедно со Петар Ристески го посетивме семејството Алексоски од Прилеп. Семејство на малиот Матеј, дете полно со живот и радост, дете кое како и сите други деца го сака животот. За жал, власта нема слух за неговото семејство кое е без сопствен дом и основни услови за живот, како и за многу други вакви семејства низ Македонија, напиша Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.
-Ерозијата на општеството како резултат на владеењето на оваа криминална власт, го спречува Матеј, како и многу деца како него да го живеат детството со полни гради. Со обновата ќе ја започнеме борбата за достоинство на секое семејство во Македонија како основна клетка на општеството!