
На денешната собраниска седница имаше обраќање пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски кој кажа дека срамота е во 21-от век да се зборува за изградба на фекална канализација и таа се уште да не биде остварена.
Ѓорѓиевски истакна дека селото Романовце има насушна потреба од овој проект со оглед на фактот дека таму живеат над 2.000 жители.
Во 21 век овдека расправаме за работи со кои не треба да расправаме, фекална канализација во 21 век на населба која е 5 километри предградие на Куманово да се разговара. Ви се молам, Куманово е најголема локална самоуправа во Македонија последна е и во владата на ВМРО кога беше поради континуитетот на локалната влас не можевме да го овој проблем решиме бидејќи трите милиони евра кои беа од Министерството за транспорт и врски предвидени за канализација за Романовце и водовод за Пчиња почитуваниот господин Дамјановски не сакаше проектите да ги направи за да сега кога дојдовте на власт тие исти средства се потрошат за електронски водомери. Кај се потребите , електронски водомери беа најбитната работа во Куманово. Па сите во Куманово знаат дека најголемата градска елита не плаќа вода потенцираше Ѓорѓиевски.