Како што можете да забележите денеска во рамки на нашата активност „Обнова на Македонија“ се наоѓаме во Кривогаштани. И овде како и секаде во Република Македонија истите проблеми ги мачат луѓето, изјави Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Владее генерално безпарицата, сите се соочуваат со проблемот со иселувањето не само на младите, туку и на сите граѓани на Република Македонија. Практично и да нема човек, да не спомне на овие средби дека дали некој сосед, дали некој од нивното семејство, поблизок се спрема и си заминува од Република Македонија во моментов. Од друга страна, сите гледаме што се случува на македонската политичка сцена и дека во Република Македонија, единствено нешто што во движење и во прогрес е криминалот, рекетот, корупцијата кои што те како царуваат во редовите во Владата на Зоран Заев, истакна Ѓорѓиевски.
Доаѓа времето на обнова на Македонија, ние како политичка партија сме спремни државата да ја кренеме на нозе. Сериозно да се исправиме пред предизвикот, што ќе значи обнова на Македонија во практична смисла на зборот. Еднаш засекогаш да завршиме со сите оние остатоци политичари кои што се остаток на транзицијата. И конечно еднаш засекогаш да донесеме подобро утре за сите наши сограѓани, додава Ѓоргиевски.