Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода, во своето гостување во емисијата „За или против“, зборуваше за отчетот od пред неколку дена пред граѓаните и потенцираше дека тој заедно со својот тим успеал да реализира 90% од предизборната програма за само две години.
-За секој политичар сметам дека после сработено или поминат одреден временски период од мандатот, одговорно е да излезе пред граѓаните и да го даде својот отчет, односно во детали да објасниме што сме сработиле изминатиот период и во што сме ги насочиле нивните народни пари. Затоа што ние располагаме со средства на граѓаните, да имаме отчетност за она што сме го сработиле. Во тој контекст ние излеговме со сите проекти кои ги имаме сработено изминативе две години, а тоа е практично 90% реализација на предизборната програма која што сме ја ветиле и сум се обврзал јас со мојот тим да ја реализираме за четири години, а не за две години. Така што уште многу малку проекти ни останаа да ги довршиме, рече Ѓорѓиевски.
Тој во текот на своето гостување порача дека со таква силна динамика ќе продолжат и понатаму се со цел многу порано да се реализира она што го ветил пред граѓаните.
-Со една силна динамика како и досега така и одсега ќе продолжиме за да реализираме многу порано од она што значи мандат од четири години за еден функционер. И тоа е практично не само во Кисела Вода туку и во сите општини во Македонија се нема случено години наназад кажа тој.
Ѓорѓиевски укажа дека иако централната власт повторува исти тези за голем број на градоначалници, сепак на граѓаните им е јасно кој работи во државата, а кој не, кој ги лаже и манипулира и кој постапува со конкретни решавања на нивните проблеми преку проекти.
– Централната власт како на лента постојано повторуваат едни исти тези за сите градоначалници. Мислам дека на нашиот народ му е апсолутно јасно што се случува во државата, кој работи, а кој не, кој лаже, а кој манипулира, а кој постапува со конкретни решавања на нивните проблеми преку проекти. И во тој контекст мислам дека се очајни во ова што го прават, додаде Ѓорѓиевски.