Мажите и жените не уживаат во оралниот секс само како во „предјадење“ – науката вели дека постои многу „посериозна“ причина за орален секс.
Експертите велат дека оралниот секс е популарен затоа што не води до несакана бременост, но всушност има еволуциска улога во животите на припадниците на двата пола.
Причината поради која жените им даваат орален секс на мажите е таа што голтањето на спермата му помага на женскиот организам да се „навикне“ на ДНК на партнерот. Научниците велат дека тоа е важно за во текот на бременоста женското тело да не ги доживее гените на мажот како „страни“.
Нарушувањата во бременоста се чести поради тоа што телото го препознава фетусот како „страно тело“, но со голтањето на спермата, телото се навикнува на новата ДНК.
Кога станува збор за причината поради која мажите орално ги задоволуваат жените, науката вели дека со тоа се намалуваат шансите таа да го изневери партнерот.
Универзитетот во Окленд спровел истражување во кое биле испитани 243 хетеросексуални мажи, за да дознаат дали им даваат орален секс на партнерките за тие да бидат позадоволни од врската.
Се покажало дека мажите се повеќе подготвени да ѝ дадат орален секс на партнерката ако ја сметаат за атрактивна или мислат дека постои ризик таа да биде заведена од друг маж.
Ова истражување било спроведено после неодамнешната студија која покажа дека мажите често уживаат во орален секс, но не сакаат да ја „возвратат услугата“ – 59 отсто од жените орално го задоволуваат партнерот во споредба со 52 отсто од мажите.