Орбан: Гласањето на Европскиот парламент нема да ја загрози Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека гласањето на Европскиот парламент за поведување постапка против Унгарија нема да создаде опасност таа држава.

„При ваков вид процедури, на крајот нема санкции. Нема опасност за Унгарија“, рече Орбан.

Според унгарскиот премиер, гласањето било со цел за побрзо да ја ослабне позицијата на Унгарија како „симбол на отпорот против имиграцијата”.

Орбан, исто така, ја обвини германската канцеларка Ангела Меркел дека сака да го замени унгарските граничари со „платеници на Брисел” и оцени дека „следната битка” ќе биде за правото на земјите-членки на Европската унија сами да ги штитат своите граници.

Следната недела во австрискиот град Салцбург ќе се одржи средба на европските лидери, на која ќе бидат разгледани прашањата на миграцијата и безбедноста на границите.