Унгарците не сакаат да „пролеат крв“ за Украина, изјави премиерот Виктор Орбан пред стотици илјади Унгарци кои се собраа на мировен мраш во Будимпешта во саботата. Граѓаните ја осудија политиката на ЕУ за ескалација на тензиите со Русија. Истовфемено тие дадоа поддршја за партијата Фидес на Орбан за претстојните европски избори.
Настанот кулминираше со говорот на премиерот Виктор Орбан, кој го обвини Брисел дека ја приближува Европа до глобален конфликт.
Демонстрантите маршираа од култниот мост на синџирот до островот Маргарет на реката Дунав.
Многумина носеа знамиња, извикуваа пацифистички слогани и држеа натписи на кои пишуваше „Нема војна“ и „Дај ни мир, Господи“.
– Никогаш досега немало толку многу луѓе наредени за мир. Ние сме најголемиот мировен корпус, најголемата мировна сила во Европа – рече унгарскиот премиер, цитиран од Ројтерс.
https://twitter.com/SILVERF26971227/status/1796957975979884981– Европа мора да биде спречена од брзање во војна, во сопствено уништување.
Орбан рече дека неговата земја мора да извлече лекции од уништувањето низ кое помина најтемните времиња на 20 век.
– Во двете светски војни, Унгарците загубија 1,5 милиони животи, а со нив и нивните идни деца и внуци. Ова го кажувам полека за да разбере Брисел: нема да одиме во војна. Нема да одиме на исток по трет пат, нема повторно да одиме на рускиот фронт.
Орбан ги повика сите да ја поддржат агендата „про-мир и про-суверенитет“ на владејачката партија Фидес на изборите за Европскиот парламент следната недела.
– Дали сакаме да пролееме унгарска крв за Украина? Не, ние не – рече тој.
Будимпешта одби да обезбеди каква било воена помош за Украина и се закани дека ќе стави вето на финансиската помош за Киев. Орбан силно ги критикуваше економските санкции наметнати на Москва од страна на ЕУ, тврдејќи дека блокот „се застрелал во белите дробови“ со поткопување на трговијата и на сопственото снабдување со енергија.