Секој напад на гасоводот Турски тек ќе се смета за терористички чин, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, извести во саботаата турската службена новинска агенција Anadolu.
Орбан истакнува и дека Будимпешта ќе реагира во согласност со тоа, доколку дојде до каков и да е напад врз гасоводот преку кој се испорачува енергенсот од Русија во Турција и понатаму кон други европски земји, меѓу кои и Унгарија.
Претходно седмицава рускиот претседател Владимир Путин зборувајќи за терористичките закани и напади врз енергетстките ресурси, потсети и на спречените обиди од летово на украинските власти да кренат во воздух една од делниците на гасоводот Турски тек.
„Киевскиот режим со своите постапки всушност се стави на исто ниво со меѓународните терористички групи, со најодвратните групации. Таквите злосторства едноставни е невозможно да бидат оставени без одговорот“, истакна Путин.
На церемонија на која војници доброволци во саботата положуваа заклетва, Орбан истакна дека на Унгарците им е потребна компетентна војска која може да гарантира мир