Фезер: Германија мора подобро да ја заштити клучната инфраструктура

По терористичкиот напад врз гасоводите Северен тек во Балтичкото Море и саботажа на мрежата на германските железници, за што сѐ уште нема официјални резултати од истрагите, министерката за надворешни работи Ненси Фезер вети во саботата подобра заштита на клучната инфраструктура во Германија, а претставниците на германските градови бараат подобро информирање на граѓаните доколку дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија.

„Руската агресорска војна против Украина претставува пресврт кога станува збор за нашата внатрешна безбедност и затоа мораме да се подготвиме“, вели Фезер од владејачката Социјалдемократската партија на Германија (SPD) во разговорот за дневниот весник Sueddeutsche Zeitung.

Германската министерка за внатрешни работи притоа не се изјаснува за резултатите од истрагите за експлозиите на руските гасоводи, за која заедничката истрага со Шведска и Данска се распадна, како и за инцидентот на железничката мрежа за која се смета дека, исто така, е саботажа.

Фезер додава дека надлежните германски служби веќе ги зголемиле безбедносните мрежи „онаму каде што тоа е потребно“. Министерката притоа особено ги споменува засилените патроли на крајбрежната стража во близина на важните инфраструктурни објекти.

Фрезер најави и носење закон кој компаниите и претпријатија, во чијашто сопственост се особено важни инфраструктурен систем како што се подводните водови, би ги обврзувал на повисоки безбедносни стандарди.

 

„Сопствениците мораат посилно да се осигурат против саботажи и тероризам, но и против природните катастрофи“, вели Фрезер.

На почетокот од октомври непознати сторители со пресекување на два вода ја прекинаа комуникацијата меѓу возовите, поради што железничкиот сообраќај на северот на Германија беше прекинат повеќе часови. Неколку дена претходно како последица на детонации беа оштетени три линии од гасоводите Северен тек 1 и 2 со кои рускиот гас се испорачуваше или требаше да се испорачува во Германија.

Претседателот на Сојузот на германските градови, Хелмут Деди, ја повика во саботата владата да започне кампања со којашто населението подобро би го подготвило за неочекувани инциденти, како на пример, поголеми прекини на електричната енергија.

„Блекаутот е целосно реално сценарио на кој граѓаните мора да будат подготвени“, рече Деди и заклучи дека кампањата е неопходна бидејќи жителите на Германија „досега се неискусни кога станува збор за кризи и катастрофи“.