Орбан во грузискиот главен град: Изборите беа фер

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во вторникот, во текот на посетата на Тбилиси, изјави дека изборите во Грузија на кои победи владејачката партија, биле слободни и демократски и му честита на неговиот грузиски колега Иракли Кобахидзе.

Илјадници луѓе протестираа пред грузискиот парламент во Тбилиси во понеделникот вечерта ппо тврдењата на опозицијата и претседателката Саломе Зурабишвили, која инаку има и француско државјанство, по извештаите за наводните изборни нерегуларности.

Владејачката од 2012 година партија Грузиски сон и изборната комисија тврдат дека изборите биле слободни и фер, а таканаречената прозападна опозиција составена од четири коалиции поддржана од западните престолнини повика на истрага.

„Ја прочитав оценката на меѓународните организации и гледам дека никој не се осмелува да оспори дека изборите биле фер и демократски. И покрај сите критики, никој не се осмели да оди толку далеку“, рече Орбан на прес-конференцијата во Тбилиси.

Во неделата, набљудувачите од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) на прес-конференција истакнаа дека забележале голем број неправилности. Набљудувачите наведоа дека биле пријавени наводните нерегуларности, вклучително и изборна измама, поткуп, заплашување гласачи и насилство во близина на избирачките места, можеби влијаеле на исходот, но не ги нарекоа изборите лажирани и нечесни.

Прозападните Грузијци инсистираа да ги прикажаа изборите како избор меѓу владејачката партија која одржува нормални односи со Русија и не воведе санкции имајќи го предвид никаквата трговска размена со соседната земја, и опозицијата во стратешки важната земја од јужен Кавкас којашто наводно се обидува да ја забрза интеграцијата со Европа, меѓутоа јасно ја изразува наклонетоста за поддршка на Украина и членство во НАТО.

Унгарија, која моментално е на чело на ротирачкото претседателство на Советот на Европската унија, ги налути другите членки на Унијата и НАТО алијансата затоа што одлучи да одржува блиски врски со Русија и покрај нејзината инвазија на Украина во 2022 година. Сега тие повторно се огласија во врска со „прераната“ посетата на Орбан на Грузија.

„Ја критикуваме прераната посета на премиерот Орбан на Грузија. Тој не зборува од името на ЕУ“, се вели во заедничката изјава на групата од само 13 министри за надворешни работи од земјите-членки на 27-члената Унијата од понеделникот.

Орбан, исто така, предизвика контроверзии во јули кога замина во, како што ја нарече Будимпешта „мировна мисија“ во Киев, Москва и Пекинг веднаш на самиот почетокот на унгарското претседавање со Советот на ЕУ, без да се координира со неговите европски партнери.

ЕУ и САД ја критикуваа грузиската владејачка партија Грузиски сон за некои од нејзините политики. Партијата ги нормализираше односите со Русија, но тврди дека целосно го поддржува влезот на земјата во Европската унија. Меѓутоа, члениците на Грузиски сон остро се спротиставуваат на обидите Грузија да биде вовлечена во војната меѓу Украина и Русија, со отворње на ткн „втор“ или ткн „кавкаски фронт“, што е интенција на Киев и неговите западни сојузници и го критикува масовното учество на лица од Грузија на антивладините протести во Тбилиси изминатите години, вклучително и во понеделникот вечерта.

Орбан рече дека Грузија е на пат кон членство во Унијата, додавајќи дека изборниот резултат е „проевропски избор“.

„Унгарија е жесток поддржувач на Грузија на патот кон европската интеграција, а Унгарија одигра посебна улога во доделувањето на кандидатски статус на Грузија. Би сакал лично да му се заблагодарам на Виктор Орбан за тоа“, рече премиерот Кобахидзе.

Грузија доби кандидатски статус во декември минатата година, но ЕУ во повеќе наврати соопшти дека нејзината апликација е замрзната поради, како што ги нарече Брисел „авторитарните тенденции“ на Грузискиот сон.