„Бангладеш има три ипол милиони вакцинирани. Бангладеш за нас е Шведска во моментов што се однесува до вакцините. Бангладеш за нас е друга димензија. Не е само Бангладеш, ќе ви кажам и неколку други примери, во Јужна Америка, Боливија огромен број на вакцини, Еквадор, Чиле веќе има повеќе од 20% од популацијата вакцинирано. Значи нема земја во Јужна Америка, во Латинска Америка која што има помалку вакцинирано од Македонија“, нагласи Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во „Радио Лидер“.
Ѓорчев додаде дека пред четири дена во Кенија стигнаа еден милион вакцини. А, во Судан стигнаа 800.000 вакцини. И во Руанда пристигнаа вакцини дури 440.000 вакцини. Во Сенегал пристигнале 350.000 вакцини, што не е бројка за потценување. И во Авганистан каде што Македонија испраќа војници, пред еден месец доби 500.000 вакцини од „АстраЗенека“. Пакистан доби 750.000 вакцини со кои веднаш ги вакцинираше здравствените работници.
„Македонија со оваа влада сме најлоши во светот. Македонија е најлоша во светот по две категории, најмногу умрени и најмалку вакцинирани. Имаме денеска дојдено до бројката од 3.200 починати“, укажа Ѓорчев.
Ѓорчев посочи дека резултатите говорат од тоа колку власта се бори за граѓаните и ги штити од епидемијата. По 10-15 граѓани дневно умираат, а за власта тоа не е вест. По скопскиот земјотрес имаше 1.000 мртви, а денес Македонија брои над 3.200 починати. Само во Прилеп има над 240 починати лица, а во Скопје има над 1.000 мртви, бројката е фрапантна. Тетово има 170 мртви лица. Една Гевгелија со 15.000 жители има 30-тина починати од КОВИД-19. Во Македонија во време на Заевизам кој ни се случува се умира како никогаш порано. Косово има 1.500 починати, а по број на жители сме исти.
„Доктор Пановски кој што е прилично стручен и компетентен во сето ова вели во Македонија има петпати поголема смртност од средната смртност во светот. На светско ниво петпати поголема смртност, знаете што значи тоа? Тоа значи дека Македонија да има просечна смртност како светот ќе имавме 600 починати“, рече Ѓорчев.