Јорданов: Целосно ќе ја обновиме водоводната мрежа во Штип, сега една третина од цевките се азбестни, а тоа директно го загрозува здравјето на луѓето

Водата е суштински проблем за кој што мораме да имаме консензус помеѓу политичките партии. За тоа што станува збор за еден голем проект за кој што општината во овој момент нема доволно финансиски средства за самостојно да го реализира. И за тоа треба сите активни чинители во политиката да бидат согласни дали преку референдумско изјаснување, дали преку начин на позајмица, подигање на кредит со кој што ќе треба да се обнови целокупната водоводна мрежа. Една третина од водоводната мрежа во Штип е со азбестни цевки кои што директно го загрозува здравјето на граѓаните, истакна Иван Јорданов, кандидат за градоначалник на општина Штип во емисијата „Студио 10“ на 24 Телевизија.

Јорданов додаде дека и поради тоа локалната власт мора да размислува на кој начин ќе се реши овој проблем бидејќи го загрозува здравјето на граѓаните.

„Ние предлагаме контролирање и промена на водоводната мрежа по реони. Со кој што ќе успееме првично да ги намалиме загубите на вода, нешто кое што функционира. Во многу светски развиени градови тоа го има, и тоа нешто треба да најде примена и кај нас во Штип“, додаде Јорданов.

Посочи дека тој има чувство дека по круцијалните прашање кои што се за подобрување на услови на животот на граѓаните актуелниот градоначалник не ги гледа и не ги решава.

„Што направивте Николов за доброто на граѓаните? Еве јас ќе ви одговорам кредитот што го имаме подигнато како јавно претпријатие пред 20 години за обнова на линија 1 во Ваше време ЈП „Исар“ не го враќа на ЕБОР. Репрограмирање правите на долг, а зборувате дека ќе ја обновувате водоводната мрежа и дека треба да сме согласни дека истата таа треба да биде променета, а не правите ништо во пракса“, нагласи Јорданов.