Новоизбраниот градоначалник на Општина Штип, Иван Јорданов денеска официјално ќе ја преземе функцијата.
Според најавите, Јорданов напладне ќе го добие Уверението од страна на Општинска Изборна Комисија, а во 12:30 часот ќе се изврши примопредавањето на функцијата во Кабинетот на Градоначалник на Општина Штип.
Претходно Јорданов ќе присуствува на литургија во црква Успение на Пресвета Богородица во Ново Село, а потоа ќе пешачи од Ново Село до Општина Штип со неговиот тим.