Многу паркови и зелени површини! Тоа се нашите приоритети! Шумата кон Мирјанина црква, позната по огромните диви депонии и сечата на дрвја, уште во првите 2 години од мојот мандат, ќе ја претвориме во огромен парк за спортување, релаксација и одмор. Овој градски парк ќе изобилува со урбана опрема и други содржини, а истиот ќе го чува месното население, при што ќе ја ликвидираме сечата, а ќе ја подобриме економската и еколошката состојба!, вели кандидатот за градоначалник на Општина Штип од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов.
-Во населбата Баби, ќе ги подобриме условите во постоечкиот парк и ќе ги унапредиме детското и спортско игралиште со дополнителни содржини.
Покрај бања Кежовица, просторот ќе го искористиме за создавање на парк за одмор и рекреација и тоа место ќе го претвориме во убава, зелена површина, атрактивна за жителите и посетителите на бањата.
Но, овде нема да застанеме!
Во секоја населба во нашиот град, ќе направиме повеќе од 20 паркови и зелени површини, места каде граѓаните ќе го минуваат своето слободно време со нивните најмили, а Општина Штип, заедно со граѓаните интензивно ќе работи и на збогатување на бројот на локалните шуми.
Зелен, убав, урбан!