
При споредувањето со соседна Србија, со која и во минатото сме се компарирале, ќе виддиме дека тамошниот пад на брудот домашниот производ (БДП) е 2,5 отсто, а во Македонија сѐ уште го немаме Извештајот од последниот квартал, и од вкупна 2020-та година целокупно колку изнесува падот на БДП, но од тоа што имавме можност да го видиме од трите квартала некаде се движи од 5 до 6 отсто, а тоа значи дека има нешто што не соодвестува со тоа што властите го зборуваат,нагласи Иван Јорданов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“ при своето гостување во „Вин вин“ на телевизија Телма.
Јорданов додаде дека дополнително ние сме имале и други кризи. Еве, во минатото 2009-тата година финансиската криза која што го зафати целиот свет и регионот, но Македонија многу подобро ја помина. Падот на БДП на Србија исто во 2009-тата година е 2.5%, а во Македонија беше 0.5%.
„А ако се навратам во 2020 година која што помина нето одливот на странски директни инвестиции од Македонија е 18 милиони евра, а во Србија и во Бугарија е 500 милиони евра нето прилив на странски директни инвестиции во 2020-тата година во време на здравствена и економска криза. Овие бројки говорат дека не е така розово како што власта прикажува, дека Македонија е пример во регионот, дека Македонија е пример во светот за надминување на здравствената и економска криза“, истакна Јорданов.
Јорданов посочи дека власта во државата гради економија на нездрава основа.