Јорданов: Штип е приватизиран од неколку фамилии олигарси на власт, граѓаните мора да се спротивстават на таквото владеење на СДСМ

Штип е приватизиран од неколку фамилии олигарси кои си го распределуваат државниот капитал на сметка на народот и таквото владеење кое е главната одлика на СДСМ мора да се промени, локалните избори се тест проба за тоа, рече пратеникот од овој град на истокот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов, во емисијата  „Што не е јасно„ во Алфа телевизија.

„Секогаш кога СДСМ е на власт одредена група на осиромашува за сметка на друга група на луѓе, олигарси кои што се поддржувачи на Социјалдемократскиот сојуз којшто го распределуваат државниот капитали екстремно се богатат, практично тие се финансиери на СДСМ кои секогаш кога доаѓаат на власт го мултиплицираат своето богатство и затоа тие и покрај сите скандали и афери секојдневни, се одржуваат на власт со поткупи и притисоци, возможното го прават возможно и граѓаните се исплашени за својата иднина“, рече пратеникот.

Јорданов вели дека на тој начин се одржува власта, но е сигурен дека се повеќе власта ја губи поддршката од неопределените кои не сакаат да излезат на избори, едни се уценувани, на едни им велат сите се исти да не излегуваат на избори, а на тој начин само им се продолжува мандатот.

„Единствена казна на овие лоши политики е освестување на луѓето и оние кои се гневни од она што ми се случува во државата и масовно излегување на избори за да се направи промена, локалните избори се тест проба за тоа, на Штип и на штипјани им е потребна промена, затоа што градот е приватизиран од неколку фамилии“, рече Јорданов.

Додаде дека на градот мора да се врати на граѓаните и тие треба да одлучат во која насока ќе се движи градот, а не фамилиите на неколку олигарси да одлучуваат за иднината на граѓаните во Штип и во цела Македонија.

„Државниот капитал да не се дели само помеѓу тие фамилии на сметка на напатениот народ, тоа мора да се промени, затоа што тоа е одлика на владеењето на СДСМ“, заклучи пратеникот Јорданов.