Ако пред неколку седмици пишував за загрижени вработени професори на Универзитетот во Тетово (УТ), а каде што ме известуваат во врска образовниот криминал со владеењето на ректорот Вулнет Амети со истечен мандат со непочитување на правните акти, односно Законот за високо образование за разните политички-клански пазарења, непотизмот, за скандалите на „научни трудови“ – плагијати на Медицинскиот факултет и за немање никаков епилог за елиминирање на ваквите образовни криминали на овој Универзитет од страна на Државниот просветен инспекторат од извршениот вонредниот инспекциски надзор од страна на државните просветни инспектори Даниела Кироска, Зоран Ристески, Предраг Илиески за нивното непрофесионално и несовесно работење (види: Загриженост на професори од состојбите на Универзитетот во Тетово | NetPress).
Не мируваат ниту професорите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, кои ме известуваат за организираните образовни криминали и на овој Универзитет. Па по моја преставка, а со точно насочени наоди до Државниот просветен инспекторат да се испитаат искажаните образовни криминали, по некој два месеца ме известуваат со бр.09-1348 од 22.12. 2021 година, дека е извршен вонреден инспекциски надзор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, а по добиениот Записник бр. 09-1348 од 14.12.2021г и Решение бр.09-1348 од 22.12.2021 година, кои го извршиле советниците просветни инспектори: Маја Стојановска, Предраг Илиески, Даниела Кировска и Зоран Ристески, и што констатирам:
Од извршениот вонреден инспекциски надзор на Универзитетот „Мајка тереза“ Скопје од страна на просветните инспектори Маја Стојановска, Предраг Илиески, Даниела Кировска и Зоран Ристески, не е комплетен, туку, е извршен делимично.
На вонредниот инспекциски надзор државните просветни инспектори Маја Стојановска, Предраг Илиески, Даниела Кировска и Зоран Ристески, не спровеле постапки на контрола во делот на тоа: Дали ректорот Азиз Положани има активно-правен законит статус и дали истиот противзаконито ја извршува ректорската функција? На истиот му е истечен мандатот и нема нова постапка за избор. Воедно, дали постапката за избор на ректор, била во согласност со Законските одредби. На ова треба да одговорат напред наведени инспектори. Дали им е вршен притисок да не испектираат за ректорот Азиз Положани (исто како и за инспекцискиот надзор за ректор на универзитетот во Тетово)???.
Од записникот може да се констатира во делот на надзорот за обавување на дејноста на Факултетот за Царина и шпедиција при овој универзитет, без соодветен наставен кадар во посочената област и евентуално без соодветна акредитација, не е прецизно утврдено, бидејќи при надзорот во таканаречената студиска програма Факултет за царина, шпедиција и осигурување која функционира во рамките на Факултетот на технички науки се исполнети Законските одредби од ЗВО за обавување на дејноста во кадровската – професионалност на ангажирањето на наставниот кадар, со оглед на тоа дека во мојата преставка е точно наведено, дека на истиот факултет нема професори од областа на Царина, и не се објавуваат јавни огласи за прием на стручни-научни професори, истото е потврдено и од страна на инспекцискиот надзор, па од овие причини, барам од страна на ДПИ (како и од директорот), да се направи дополнителен надзор и со прецизност се утврдат погоренаведените незаконитости, кои што свесно се избегнати при надзорот, од страна на инспекторите Маја Стојановска, Предраг Илиески, Даниела Кировска и Зоран Ристески.
При тоа, поголемиот дел од наши посочени незаконитости во поглед на Кадровската политика во ангажманот на наставниот процес, изборот во наставно-научните звања, начинот и постапките на вработување, несоодветно и против законито водење на постапки на избори во доцент, вонредни професори и други. Не почитување на одредбите за избор во наставно-научни звања доцент, во поглед на просек на прв и втор циклус, туку со просек 6,34 се избрани истите доценти, нестручни и несоодветни постапки при составување на рецензентски комисии за избор на наставно-научни звања ( замислете рецензентска комисија од сосема неспоива област од која таа дава мислење и носи акт), ненострифицирани странски дипломи со звања, и тотален хаос во процесот на водење на личните досиеја, начинот на изготвување на акти и решенија со кои потоа истите професори се повикувале, држеле настава, оценувале студенти и слично.
За наведениот делумен надзор од страна на државните просветни инспектори (Маја Стојановска, Предраг Илиески, Даниела Кировска и Зоран Ристески) носат Решение бр.09-1348 од 22.12.2021 г. со кое за незаконитостите изрекува мерка ОПОМЕНА на Универзитетот „Мајка Тереза во Скопје како правно и одговорното лице во правното лице за отсранување на незаконитостите и неправилностите во работењето. Кој треба да ги остранат тие неправилности и незаконитости, кога на ректорот му е истечен мандатот!??.
Во записник се констатирани неправилности и недостатоци во постапки за избор во наставно – научни и соработнички звања за 20 (дваесет) лица и тоа: м-р Едона Винца, м-р Ваљон Рамадани, м-р Блерта Кондри д-р Илир Мехмеди,д-р Зоран Трифунов, д-р Миле Србиновски, д-р Букурије Имери јусуфи, м-р Јован Христовски, м-р Блерант Рамадани, м-р Лулјета Џемаили, м-р Афет Муслији, д-р Урим Исени, д-р Зоран Гацовски, д-р Зана Беќири Љума, д-р Александар петковски, д-рМеритан Туркеши, д-р Калтрина Зеколи Шаќири, д-р Бедри Адеми, д-р Мирван Џемаили, за кои согласно ЗВО истите се незаконито избрани, назначени и згорa на тоа спровеле – изведувале наставно – образовна дејност т.е. истите наставно – научни звања ТРЕБА ДА СЕ ПОНИШТАТ и доколку имаат содветни услови бидат спроведени согласно законските рамки, и во истите се опфатени од асистенти, до проректор професор Бедри Адеми.
Во однос на непотистичкото работење на Универзитетот “Мајка Тереза” во Скопје, надвор од било каков нормален и правен разум е констатацијата во записникот со кој се нотира дека во Универзитетот со писмена изјава од нивна страна е потврдено дека не е во работен однос АЛМИР Агим Рушити син на Агим Рушити (кој воедно бил раководител на сектор за високо образование во Министерството за образование и наука во време на акредитација на Универзитетот “Мајка Тереза” во Скопје) со оваа дали постои правна и морална човечка одговорност за дадената изјава дека синот на Агим Рушити (вАлмир) кој е директор во Агенцијата за квалитет и врши редовни контроли во високо образовни институции не е вработен во Универзитетот. Дадената изјава е недоличност која е нотирана бидејќи на сите им е познато ова, бидејќи Агим Рушити вршел упорно притисок да неговиот син Валмир биде избран за доцент професор???? но, имал одредени пречки од страна на одредени лица на факултетот во врска со оваа (писмена изјава) ќе биде доставена преставка до Трудов испекторат и Јавното обвинителство .
Не е возможно да им се објасни на граѓаните и самите вработени на Универзитетот превземањето на Бардил Туши (по струшка линија, многу близок пријател и на времето шеф на кабинетот на Положани кога тој бил министер) кој во Министерството за образование и наука беше во многу висока раководна позиција и од таму по потреба на Положани се превзема во својство на „советник” на Ректорот, замислете фатаморгана Доктор на науки станува советник на својот бивш министер??? Што го советува? Према горенаведеното за образовен криминал!? За министерот за образование и наука, човекот на Рамиз Мерко во наредна прилика!.
Валон Рамадани син на Агим Рамадани кој е раководител на секторот во Министерството за образование и наука, преку ноќ го вработува синот и се вработува, спротивно на членот 173 од ЗВО, се избира во асистент по Царина, шпедиција и осигурување од рецензентска комисија која нема допирна точка со областа на царина од кои причини и му се поништува звањето асистент .
Единствениот доктор на науки?! за кого имав сознанија дека е од областа на Царина, шпедиција и осигурување УРИМ Исени кој е вработен на Царина како царински службеник (за ова треба да знае раководителот за човечки ресурси при Управата за Царината), истиот спротивно на ЗВО со несоодветна рецензенстка комисија и покрај тоа што прв и втор циклус од високото образование го завршил со просечна оцена 6,74 (неопходен по чл.182 ст.1 а вв со чл.166 ст.1 т.1 од ЗВО е просек над 8,5) именуваниот е доктор по политички науки бил избран во ДОЦЕНТ во научна област на Царински системи кое нешто е надвор од сите нормални и правни нормативи ова е образовен криминал.
Во делот на објавување на јавни огласи за прием на наставен кадар од областа-студиска програма -Факултет за царина, шпедиција и осигурување, не е наведено дали имало кадар при надзорот, и бидејќи НЕМА од кои причини Ректорот (со истечен мандат) не е задолжен да постапи задолжително согласно ЗВО со објавување на јавни огласи за прием на наставен кадар од областа на Царината, туку, истите ги одбива и за возврат ангажира непотистички – нестручни лица, советници и сл.и со незаконита постапка, формираат рецензенски комисии кои без законска основа самоволно без просек избираат предавачи, асистенти итн.
За дел од надзорот се констатирани неправилности од ДПИ и изготвено горенаведено Решение, но се поставува прашањето за отварање на нови постапки од страна на Јавното обвинителство, МВР и другите соодветни органи и институции во врска со кривично правната оговорност на носителите на ваквите незаконити одлуки, акти и Решенија со кои несоодветно, и незконито се спроведувале постапки, а врз основа на кои наведените лица се стекнале со наставни – научни звања, а кои се прогласуваат како ништовни, а врз основа на истите остварувале противправна имотна т.е незаконита матаријална добит на име примени материјални стрества, од друга страна студентите се стекнуваат со дипломи и оцени од лица предавачи кои не се законити.
Напоменувам дека Државниот просветен инспекторат, при повторниот надзор ако не се осврне со детален приод кон увид и анализа на посочените незаконитости и не се постапи согласно законските одредби ќе биде известенаи без тоа ќе бидат известени:
- ЈО при Република Македонија,
- МВР сектор за Организиран криминал и корупција,
- Антикорупциска комисија,
- Инспекциски совет,
- Јавни медии и електронски медии и
- Амбасадите во Р.Македонија.
Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес