Почна полнењето со вода на оризните ниви во кочанско. Врнежите од дожд во последен момент ја спасија овогодинешната сеидба на белото злато. Дополнителната вода во брана Калиманци, го промени првичниот план. Па неместо 2.500, сега ќе се сеат 3.500хектари со ориз.
„На самиот старт на сезоната за наводнување во акумулацијата Калиманци има околу 95милиони кубна вода, што е за околу 20отсто помалку од максималниот капацитет. Со добра организација , сметаме дека ќе успееме сезоната за наводнување да ја реализираме според планот„ информираат од Водостопанство „Брегалница“-Кочани.
Временските услови во овој момент не им се од полза на земјоделците. Поради врнежите нивите се полни со кал, па ќе треба добро да се исушат пред тракторите да можат да ги изорат. Скапите репроматрејали и најавите за задолжително осигурување на земјоделските површини, ја прават неисплатлива оваа култура, се жалат земјоделците.
„Не знам како ќе биде. Еве субвенции нешто намалуват, ѓубриња скапи. Цената на ѓубрињата е околу 1100денари за 25кг. Претходно беше 1000денари, 50кг.„изјави оризопроизводителот Благој Демишков.
„Да се размислува во тој првец како може да се стимулират земјоделците за да може да произведуваат ориз. Со замрзнување на цената, со воведување на некој додатни трошоци како осигурување, нас ќе не доведе ние сами да се откажеме од оризопроизводството„ вели оризопроизводителот Стојче Ташовски.
Килограм оризова арпа од ланската реколта во моментот се продава и до 38 денари, во зависност од сортата. Ваквата цена за власта е задоволувачка, но не и за земјоделците кои и понатаму остануваат на ставот дека се граѓани од втор ред.