
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека без вода ќе останат дел од жителите на општина Ѓорче Петров.
Како што информираат од претпријатието поради дефект на водоводна мрежа профил ф-150 милиметри на улица 102 во с.Волково, без водоснабдување ќе останат корисниците од истоимената улица и од населеното место с.Орман од 07:45 часот па се до санирање на дефектот.